- Булевар АСНОМ 22, Скопје 1000
- (+389) 70/454-723 ; 70/856-034
- info@3toasis.com
Како што температурите паѓаат и деновите стануваат се пократки многу е битно да се фокусираме на активности кои ни помогнат да се чувствувавме пријатно и опуштено. Зимата е време кога завршува еден циклус.
Во старите времиња зимата означувала време за одмор и обновување на силите.Ова е идеален период за додавање на лични ритуали за рефлексија на изминатата година, како и за самопомош и личен раст и развој.
Практикувањето јога во затворен простор може да биде одличен начин да се загреете и опуштите. Обидете се со некои динамични форми како што е Vinyasa.
Запишувањето мисли и чувства во дневник може да биде одличен начин да се ослободите од стресот и да се поврзете со себеси. Зимата е совршено време за започнување на оваа пракса. Ако започнувате на крајот на годината, размислете за сè што сте постигнале досега и кои лекции сте ги научиле. Ако започнувате на почетокот на годината, поставете јасни намери и цели. За оние кои немаат многу време, можете да користите кратки формати, како што е „6 минутен дневник“.
Практикувањето благодарност може да ви го подобри расположението и да внесе повеќе радост во вашиот живот. Во зима, кога многумина се соочуваат со сезонски предизвици, одвојте неколку минути секое утро или вечер за да запишете три работи за кои сте благодарни. Оваа едноставна рутина го менува фокусот кон позитивното и ве исполнува со мир.
Афирмациите се позитивни изјави кои ви помагаат да го промените вашиот начин на размислување. Почнете го денот со кратки афирмации како:
5. Кулинарски Ритуали:
Гответе топли супи или чаеви со зачини како ѓумбир,цимет и куркума, кои не само што ќе ве загреат, туку ќе ви помогнат и во подобрување на имунитетот.
6. Дигитална Детоксикација:
Одвојте време од електронските уреди. Прошетајте надвор, планинарете,дружете се со пријателите и семејството, прочитајте книга или најдете си хоби. Анализирајте се себе си и откријте што ве привлекува најмногу и ве прави среќни.
Прилагодувањето на вашата дневна рутина за време на зимските услови може да биде предизвикувачко, но и клучно за одржување на вашето здравје и благосостојба.
1. Прилагодување на Спиењето
2. Физичка Активност
3. Исхрана
4. Грижа за Кожата
5. Ментално Здравје
6. Ритуали за Самопомош
Во зимскиот период, одредени типови на масажи стануваат особено популарни поради нивните бенефити за тело и ум.
1. Масажа со Загревање
Овој тип на масажа користи топли компресии или масла за да ја опушти мускулната напнатост и да ја подобри циркулацијата. Овој тип на масажа е идеална за студените зимски месеци, бидејќи помага во загревање на телото и создава чувство на удобност.
Ароматерапијата е масажа со етерични масла кои имаат различни терапевтски својства. Оваа масажа не само што помага во опуштањето, туку го подобрува и расположението, што е клучно во зимските месеци кога многумина се соочуваат со сезонска депресија и анксиозност.
За оние кои активно вежбаат или се занимаваат со спорт, спортската масажа може да помогне во опоравувањето на мускулите по интензивни тренинзи. Во зима, оваа масажа може да биде особено корисна за одржување на мобилноста и избегнување на повреди.
Оваа масажа се фокусира на целосно опуштање на телото и умот. Често вклучува нежни техники и повторувачки движења на одредени области, кое што помага за намалување на стресот и создавање чувство на спокојство
Споделете во коментар која е вашата зимска рутина за self-care, и не заборавајте да ја резервирате вашата масажа преку нашата страница и да ги уживате благодетите на нашите зимски понуди и попусти!
Ако сакате повеќе да дознаете за зимските ритуали за самопомош, прочитајте овде.